петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Бензините поевтинуваат за 6,50 денари, дизелот за девет

    Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од вечер на полноќ се намалуваат за 6,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за девет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)

    ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денари и еден килограм ќе чини 60,914 денари

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во новите пониски цени ги вкалкулира изменетите акцизи и стапки на ДДВ.

    Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ