петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Кризната состојба со топлинската енергија во Скопје ќе трае до крајот на април

    Одлуката на Владата, која ќе биде во Собранието, треба да почне да се применува од 17 февруари

     

    Кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на територијата на Скопје да биде продолжена до 30 април годинава, одлучи Владата на денешната седница.

    Владата донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на подрачјето на Град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

    На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на Министерството за економија, со Оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година, соопштија од Владата.

    Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија, ќе почне да се применува од 17 февруари 2022 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ