сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Стотици скопјани останаа со студени радијатори за Божик

    Од Владата велат дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но еднострано раскинување на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо

     

    И Владата регираше вечерва откако стотици семејства во Скопје празнично останаа без парно греење. Владата ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните .

    Како што се наведува, Владата  ги помага и граѓаните, и општините и градот Скопје, но, како што наведуваат, кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти.

    Од Владата велат дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но еднострано раскинување на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо.

    Граѓани на Скопје, пред се од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве со реакции до медимите се пожалија дека се без парно или дека греењето е многу слабо.

    Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто.

    Од Топлана „Скопје Север“ звелат дека дека поради зголемените трошоци за набавка на природен гас од 270 насто и зголемената цена за испорачана топлинска енергија се соочиле со сериозни финансиски загуби.

    „За да се надмине проблемот и ‘Скопје Север – АД’ да продолжи со работа потребно е да се вклучат и надлежните институции така што би се наплатил заостанатиот долг за испорачана топлинска енергија од институциите, а истовремено би се обезбедила и дополнителна финансиска помош со што би се дефинирал понатамошниот тек и условите за работа во друштвото“, велат од Топлана Скопје Север.

    Од БЕГ, пак, сооопштија дека  “во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран режим, се со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени. Како што наведуваат, доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем или имаат температура во домовите под 20 , треба да пријават во центарот за грижа на потрошувачи.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ