среда, мај 1, 2024
spot_img
Повеќе

    Цената на парното се зголемува за 14%

    Цената на парното греење што ќе важи од утре, 1 јануари се зголемува за 14,05 отсто за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Со оваа одлука, цената се враќа на онаа од 2018 година, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

    „ Со оваа цена се враќаме на ниво на топлинска енергија која ја имавме во 2018, имајќи предвид дека за 15-16 проценти ја намаливме цената на парното изминативе три години. Ние признаваме трошок од 4 милиони, но постои разлика од 9 милиони која треба да се прокрие. Потрошувачите не можат да го покријат тој трошок за природоен гас и затоа треба да се вклучат сите чинители. Владата презема чекари овој трошок како да се покрие, но апелирам до Градот Скопје и Општините да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија“, рече Бислимоски.

    Како што информира Бислимоски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која лани просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство  му е понудена цена од 1480 долари.

    Одговарајќи на новинараско прашање дали БЕГ може да работи ма мазут ако не може да обезбеди природен гас, Бислимоски кажа дека тоа е можно, но тој како експерт не ја препорачува таа варијанта оти тоа дополнително ќе го влоши проблемот со загадувањето.

    Во Скопје околу 65.000 потрошувачи се приклучени на централните системи за греење на трите компании.

    Регулаторната комисија вчера соопшти дека од 1 јануари за 9,8 отсто се зголемува цената на струјата поради енергетската криза, а се укинува и дневната евтина тарифа.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ