петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Се очекува поголема побарувачка на нафта во почетокот на следната година

    ОПЕК ја процени побарувачката на нафта во првиот квартал од 2022 година на просечни 99,13 милиони барели дневно, зголемувајќи ја својата ноемвриска прогноза за 1,11 милиони барели

     

    Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја зголеми својата проценка за глобалната побарувачка на нафта на почетокот на 2022 година, проценувајќи дека новата варијанта на коронавирус, омикрон, само малку ќе влијае на светот кој веќе научи да живее со пандемијата.

    ОПЕК ја процени побарувачката на нафта во првиот квартал од следната година на просечни 99,13 милиони барели дневно, зголемувајќи ја својата ноемвриска прогноза за 1,11 милиони барели дневно.

    „Закрепнувањето што се очекуваше досега во четвртиот квартал од 2021 година е делумно одложено за првиот квартал од 2022 година, а неговиот тек во втората половина на 2022 година ќе биде постабилен“, се наведува во редовниот месечен извештај на ОПЕК.

    Исто така, потврдена е прогнозата дека светската побарувачка на нафта оваа година треба да се зголеми за 5,65 милиони барели дневно, по минатогодишниот голем пад.

    Потврдена е и прогнозата според која за цела 2022 година побарувачката треба да се зголеми за дополнителни 4,15 милиони барели дневно и со тоа да се надмине нивото од 2019 година.

    ОПЕК и неговите сојузници постепено го зголемуваат производството, кое минатата година го намалија на најниско ниво, со цел да се прилагодат на намалената побарувачка поради пандемијата.

    Претходно овој месец, тие објавија дека во јануари повторно ќе го зголемат производството на 400.000 барели дневно, и покрај стравувањата предизвикани од новата варијанта на коронавирусот.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ