петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

    За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.

    Од полноќ, Еуросупер БС-95 се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 62,5 денари за литар.

    Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,016 денари за килограм и сега изнесува 38,527 дененари за килограм.

    Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи.

    Новите цени на нафтените деривати ќе важат до следниот понеделник кога Регулаторната комисија за енергетика повторно ќе одлучува за цените.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ