понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Пропадна тендерот за набавка на јаглен за РЕК Битола

    Пропадна тендерот со кој се бараше итно да се купат 900.000 тони јаглен за активирање на третиот блок на РЕК Битола. Понуди имало  – но количините кои се нуделе биле мали. Сега јаглен ќе се бара на нов тендер соопшти денеска ЕСМ.

    За ТЕЦ Осломеј се бараа 300.000 тони јаглен. Понудите се прифатени, но дополнително ќе се избира компанијата од која ќе се купи.

    Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека се доставени пет понуди за РЕК „Битола“ и осум понуди за РЕК „Осломеј“. Понуди се доставени од три македонски рудници, како и од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.

    – Во прва фаза утврдено е дека за „Осломеј“ понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК „Битола“, понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет, изјави Ковачевски.

    Инаку, одлука за интервентна набавка на 1,2 милиони тони јаглен со цел да се подигне до максимум нивото на производство на домашна струја и за да се ублажи ударот од енергетската криза, државата ја донесе пред 20-тина дена. Во меѓувреме цената на струјата за мегават-час на светските берзи достига 200 евра, што е за три пати повисоко за разлика од почеток на годината.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ