петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ го продолжи рокот на јавниот оглас за набавка на јаглен

    Рокот на јавниот повик за набавка на јаглен е продолжен за три работни дена, информираа од ЕСМ.

    Претходниот рок  беше до денеска до пладне за кога беше и закажано отварање на понудите по што требаше да следи избор на понудувач. Сега рокот е продолжен за уште пет дена и отварањето на понудите ќе биде во понеделник на 18 октомври.

    Со јавнит оглас се бараат  1,2 милиони тони јаглен за потребите на термоелектраните Битола и Осломеј за  излегување од енергетската криза.

    Продолжувањето е на барање на странски компании за да можат да доставаат комплетни понуди, велат од ЕСМ.

    Оттаму додаваат дека планот на АД ЕСМ е да набави јаглен и се надеваат дека постапката успешно ќе заврши.

    – Продолжува засилениот ископ на домашен јаглен, но за да можат во краток рок да се вклучат максималните капацитети на термоелектраните согласно моменталните потреби на стопанството за поевтина електрична енергија, потребно е да се набави јаглен и сметаме дека постапката успешно ќе се реализира велат од ЕСМ.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ