понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Почна изградба на нова сончева централа кај Свети Николе

    Проектот што се реализира во селото Горубинци чини околу еден милион евра

     

    Почна изградба на нова сончева централа во светниколското село Горубинци, за што компанијата „МГИ Енергетика“ инвестира околу еден милион евра.

    Номиналната моќност на инсталираните 2 196 фото-напонски панели од кристален силикон е еден мегават.

    Монтажната конструкција дополнително е опремена со подвижен елемент, кој со помош на сензор ќе го следи движењето на сонцето, а со тоа и фотонапонските панели во секој момент ќе бидат свртени кон сонцето, што дополнително ја зголемува енергетската ефикасност и произведеното количество на електрична енергија.

    Годишно очекувано производство на електрична енергија е 2 000 kWh, што одговара на избегнување на емисија од околу 1 000 kgCO2/годишно, т.е согорување на 600 килограми јаглен.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ