недела, април 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Битиќи за енергетските политики на државата

    Веќе се донесени неколку стратегии, започнавме голем инвестициски циклус за позелена иднина, обновливи енергетски извори и истражување на повеќе опции за снабдување со енергија, наброи вицепремиерот во обраќање на конференцијата „Забрзување на финансирањето на зелени проекти: Претставување на инструментот за зелено финансирање“

    Eнергетските политики во Северна Македонија се сеопфатни и бараат голема посветеност и работа во имплементацијата: Веќе се донесени неколку стратегии: за развој на енергетиката, енергетска ефикасност и обезбедување на стабилност во снабдувањето со енергија за сите, наброи вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи на конфдеренција „Забрзување на финансирањето на зелени проекти: Претставување на инструментот за зелено финансирање“.

    „Започнавме голем инвестициски циклус за позелена иднина, обновливи енергетски извори и истражување на повеќе опции за снабдување со енергија. Сфативме дека инвестирањето е од клучно значење за да се постигне трансформација. Нашите ветувања, намери и планови се претвораат во дејства и во факти. Неодамнешното поднесување на нашиот унапреден ‘Национален придонес за климатските промени’, усвојувањето на Стратегијата за развој на енергиката и другите национални стратегии и планови усогласени со пристапниот процес на ЕУ и Зелениот договор, се наш начин за достигнување на нашите краткорочни и долгорочни цели, но исто така, горенаведените стратегии и пристапи јасно ја покажуваат решеноста на Владата да воспостави политики поврзани со енергијата и да преземе дејства како централна точка за декарбонизација и напори за зелено закрепнување“, додаде вицепремиерот за економски прашања.

    Битиќи нагласи дека спроведувањето на сите стратешки документи ќе покаже дека може да се одвои економскиот раст од емисиите на јаглерод и од неодржливите потрошувачка и производство.

    „За да можеме да го направиме тоа, треба да ги преобликуваме нашите практики, да ги приспособиме и прошириме нашите традиционални финансиски пазари и алатки за финансирање, како и да ги вклучиме сите релевантни партнери и засегнати страни. Од друга страна, трошокот што ќе биде потребен за инвестирање во енергетската транзиција е повеќе од профитабилен и тоа во многу насоки: прво, заштита на здравјето на граѓаните и заштита на животната средина; второ, треба да се земе предвид дека Европската Унија воведува данок за загадување од термоелектрани, на емисии на јаглерод диоксид со што, практично, се обесхрабрува производството на електрична енергија од конвенционалните фосилни горива и ќе придонесе кон тоа производството да биде поскапо отколку што е сега. Затоа, инвестирањето во обновливи извори не треба да се гледа само како трошок, туку и како заштеда и како инвестиција за иднината, за одржливост на општеството и за подобар живот на граѓаните“, потенцираше Битиќи.

    Според него, финансискиот пејзаж ги става во фокус инвестициите во енергетската ефикасност, истражувањето, иновациите, конкурентноста и обновливата енергија, а тоа, вели, е одлична можност да се искористи спојувањето на јавните и приватните фондови.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ