сабота, октомври 23, 2021
spot_img
Повеќе

    Заврши изградбата на „Северен поток 2“

    Изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ беше целосно завршена во петокот наутро, потврди руската компанија „Газпром“.

    – На оперативниот состанок на Газпром утрово, претседателот на управниот одбор, Алексеј Милер соопшти дека во 8:45 часот по московско време, изградбата на гасоводот Северен поток 2 е целосно завршена, соопшти руската компанија „Газпром“.

    Претходно, беше објавено дека операторот на проектот ја завршил инсталацијата на последната цевка од Северен поток 2. Компанијата очекува гасоводот да го стави во функција до крајот на годината.

    Според најавите на Газпром, годинава преку овој гасовод може да се испорачаат 5,6 милијарди кубни метри гас.

    Њујоршката агенција „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори, информира дека Газпром планира да започне со испорака на гас преку првиот крак на Северен поток 2 од 1 октомври, а преку двата краци до 1 декември.

    Северен поток 2 се состои од два краци на гасовод со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно и се протега од брегот на Русија преку Балтичкото Море до Германија. Работите за изградба на гасоводот беа прекинати во декември 2019 година, откако швајцарската компанија Свис Олсис (Swiss Olsis) се откажа од поставување на цевки поради американската закана од санкции.

    Изградбата продолжи во декември 2020 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја