сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Во Неготино ќе „никне“ фабрика за производство на енергија од отпад

    Се работи за комплетно еколошки затворен проект, каде што, по пат на плазма или без согорување, од сето она што останува како домаќински отпад, се влече природниот гас заради производство на електрична енергија што ќе биде супституирана со 180 евра од мегават

     

    Во тек се постапките за изградба на фабрика за производство на енергија од отпад во Неготино. Се чекаат одговорите од надлежните институции и се работи на правно-формални аспекти. Штом тоа биде завршено, Владата ќе донесе одлука за усвојување на проектот. Потоа, ќе биде уплатена банкарската гаранција од 10 милиони евра, а на крајот проектот ќе оди во Собрание,  најави денеска премиерот Зоран Заев.

    Заев рече дека станува збор за комплетно еколошки проект, какв што веќе се применува во Германија, Австрија и  во Словенија.

    „Се работи за комплетно еколошки затворен проект, каде што, по пат на плазма или без согорување, од сето она што останува како домаќински отпад, се влече природниот гас заради производство на електрична енергија што ќе биде супституирана со 180 евра од мегават. Тоа го прави самиот проект профитабилен и одржлив. Дополнително во самиот проект ќе постои претселекција, така што се што може да се продаде од пластика, железо, хартија, стакло ќе биде импут во приходите на самиот проект. Во Германија има пеесетина вакви проекти,  од 20 до30 во Австрија, неколку во Словенија и тие успешно функционираат“, истакна Заев.

    Додаде дека сите средства се обезбедени од приватната компанија „Зока трејд“, а парите доаѓаат од Луксембург. Инвестицијата, како што посочи, е согласно Законот за стратешки инвестиции.

    Вкупната инвестиција на проектот е 327 милиони евра. Покрај системот со сите сепарации што ќе се прават околу фабриката за производство на енергија од отпад, ќе има и 22 станици и потстаници и 100 камиони за транспорт на целиот отпад.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ