сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Ковачевски најави проширување на топловодниот систем, гасна електрана и покривни фотонапонски електрани во Скопје

    Планирана е изградба на нова гасна електрана со моќност од 50 до 200 мегавати, чија вкупна проценета вредност знесува од 35 милиони до 140 милиони евра

     

    Проширување на топловодниот систем, изградба на гасна електрана и поставување покривни фотонапонски електрани најави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски при денешната посета на подружницата „Енергетика” во Гази Баба. Тој ги  ги претстави проектите во кои ќе се инвестира во наредниот период.

    Со тековниот проект таму се работи на проширување на топловодниот систем кој треба да овозможи нови приклучоци за парно греење во населбите Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Хиподром.

    „Станува збор за нови приклучоци за 350 домаќинства во Автокоманда, зајакнување на мрежата, заштеди за домаќинствата и можности за нови приклучоци во Железара, како и приклучување на греење на три нови згради во Гази Баба. Вкупната проценета вредност на инвестицијата изнесува 260 162 евра, изјави Ковачевски.

    Паралелно со ова, како што дополни тој, тече и проектот за модернизација на самата подружница, нејзината технологија и системи за работа. Зафатот, појасни Ковачевски, подразбира реконструкција на трафостаниците Север и Југ и реконструкција и модернизација на електродистрибутивниот систем и имплементација на „smart grid“ управување, што ќе чини околу 23 милиони евра. КфВ банката одобри грант за изработка на фисибилити студија, по што ќе се пристапи кон следните фази на постапката согласно процедурите на банката.

    Во рамките на Енергетика, пак,  е планирана нова гасна електрана со моќност од 50 до 200 мегавати. Вкупна проценета вредност на инвестицијата изнесува од 35 милиони до 140 милиони евра, зависно од инсталираната моќност.

    Ковачевски рече дека новата електрана треба да го надополни недостатокот на електрична енергија во зимскиот период и да обезбеди производство на енергија и топлина од природен гас, со што ќе остварува заштеда преку енергетски ефикасна комбинирана когенеративна електрана и ќе се постигне намалување на вкупните емисии на јаглерод диоксид, сулфур диоксид, NOx и тврди честички во вкупниот процес на производство на АД ЕСМ.

    „Во Енергетика ќе продолжиме со зголемување на производството на чиста енергија и со поставување покривни фотонапонски електрани на самите објекти и постројки во подружницата, конкретно на управната зграда и на трафостаницата Југ. Вкупната вредност на инвестицијата за кровна фотоволтаична електрана изнесува 75.000 евра. Дел од овие проекти ни се веќе започнати во изминатите две години со кредитирање преку меѓународни финансиски институции, а дел се дел од интервентниот план за инвестиции“, изјави Ковачевски

    НАЈНОВИ ВЕСТИ