сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата даде зелено светло компании од Турција и Бугарија да градат фотонапонски централи во Осломеј

    Владата даде согласност за изборот на изградба на две фотонапонски електроцентрали на местото на некогашниот ТЕЦ Осломеј. Избрани се две компании, една од Турција и една од Бугарија.

    Одлуката за избор на најповолните понуди беше донесена од ЕСМ а денеска добила согласност и од Владата,

    Имено, на денешната седница Владата даде согласност на Одлуката за избор на најповолна понуда во постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали што ја спроведе Акционерско друштво за производство на електрична енергија, „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ).

    Со оваа одлука на ЕСМ за најповолни се прогласуваат понудите на компаниите „Фортим Енерџи Електрик“ од Турција и „Соларпро холдинг“ од Бугарија кои на местото не некогашната термоелектрана Осломеј треба да изградат по една фотонапонска електроцентрала од 50 мегавати од кои на јавниот партнер, односно ЕСМ ќе му припаднат 18,510% од произведената електрична енергија („Фортим Енерџи Електрик“) и 18,010% („Соларпро холдинг“).

    Исто така, соопштија од Владата, дадена е согласност и за долгорочен закуп на државно градежно земјиште на територијата на Свети Николе, а со цел изградба на електроцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, односно за изградба на фотонапонски електрични централи.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ