петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Дали ќе има ново поскапување на струјата во август?

    Ќе има ли ново поскапување на струјата во август?  И покрај зголемувањето на цената од 7,4 отсто минатата година , енергетските компании со лоши биланси. МЕПСО 2020 година ја заврши со загуби од 6 милиони евра.

    Ваквиот биланс следува и покрај тоа што на АД МЕПСО минатата година Регулатрона комисија за енергетика делумно му го прифати барањето за зголемување на тарифата за пренос и, заедно со останатите електроенергетски компании на регулираниот пазар, доби зголемување на цената на сметките за домаќинствата за 7,4 отсто повисока цена од 1 јули.

    Најверојатно и Електраните на Северна Македонија (ЕСМ) 2020 ќе ја завршат со полоши резултати од претходните години. Поради пандемијата од една страна се намали побарувачката, а од друга сушата, ЕСМ ја  стопира работата на хидроцентралите и со тоа беа намалени приходите од продажба на вишоци на струја.

    А периодот јули-декември 2020г. АД ЕСМ испорачуваше електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум по цена од 38.8е/MWh. Во првото шестмесечје од 2020г, цената беше 37.7 е/MWh, што значи дека корекцијата не беше од формат кој ќе даде исклучително влијание врз работењето.

    Регулаторната комисија се очекува да ги разгледа барањата и да донесе нова одлука во периодот на јуни месец, а АД МЕПСО се надева дека од РКЕ ќе бидат земени предвид сите пресметковни елементи вклучително и финасискиот резултат од последната година.

    Од РКЕ велат дека ќе почекаат да ги добијат барањата на компаниите кои треба да ги достават до крајот на мај. Но оттаму појаснија дека 62 проценти од крајната цена што ја плаќаат потрошувачите се формира без влијание на Регулаторна.

    Во август лани цената на струјата се зголеми на барање на државните енергетски комапнии  кои посочија дека имаат намалени приходи поради пандемијата е се неопходни за нови инвестиции и непречно снабдување со  струја.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ