понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Горивата поскапуваат за еден до 1,5 денар

    Со одлука на Регулаторната комисија од ноќеска малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 65,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 45,00 ден/литар.

    Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,50 денар/литар и ќе изнесува 67,50 ден/литар.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 денари.

    Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,364%, дизелот за 2,798%, екстра лесното масло за 3,039% и кај мазутот за 3,013 %.

    Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,43%, информираат од Регулаторната комисија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ