недела, мај 5, 2024
spot_img
Повеќе

    Енергетски ефикасни студентски домови најави Владата, приоритет е „Стив Наумов“

    Програмата ќе се фокусира на студентски домови во државна сопственост во следните градови: Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип

     

    Енергетски ефикасни студентски домови во земјава најави Владата, при што, како приоритет се издвојува домот „Стив Наумов во Скопје.

    Владата, на последната седница, ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Северна Македонија“.

    Проектот, како што велат од Владата, се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на избрани јавни објекти во образовниот сектор (студентски домови во државна сопственост) конкретно зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност.

    Програмата ќе се фокусира на студентски домови во државна сопственост во следните градови: Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

    „Заедно со обновата на енергетската ефикасност на зградите и структурното зајакнување, основните мерки за удобност ќе бидат суштински дел од програмата, како што е реновирање на санитарни инсталации, обнова на електрична опрема, безбедносни мерки, стандардни работни соби, итн. со цел да се подобри средината за живеење и учење за студентите“, велат од Владата.

    Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го вклучи студентскиот дом „Стив Наумов“ како приоритетен  во проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови“.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ