петок, мај 3, 2024
spot_img
Повеќе

    Заев: По 30 години, ќе успее проектот Чебрен вреден до 800 милиони евра

    По 30 години, ќе успее проектот Чебрен вреден помеѓу 600 и 800 милиони евра, вели премиерот Зоран Заев.

    Заев, во вечерниот дел од дебатата на седницата за пратенички прашања зборуваше за планот „Акција 21“ на Владата, со посебен акцент кон инвестициите во енергетиката.

    „Ќе набројам неколку проекти, Чебрен е најголемиот проект, 30 години државата на него има 11 пати неуспешност во обидите за спроведување, овој пат имаме историски успех до таа фаза во којашто сме стигнати. Помина првата фаза на селекција од понудите на Чебрен, 10 компании беа понудени, 9 ја поминаа првата фаза со нивната капацитетност и подготвеност да градат еден мега проект вреден помеѓу 600 и 800 милиони евра со над 300, 330 мегавати. Дополнително, во моментов, во нашата држава се градат 72.5 мегавати, 10 мегавати гради ЕСМ во Осломеј, 62.5 се по пат на премии, веќе неколку пуштивме во употреба и се градат ширум државата, дел се на државно земјиште, дел се на приватно земјиште. Оди вториот дел од постапката за 100 мегавати во Осломеј каде што државата бара најмалку 10% за државата и по пат на позитивна лицитација кој ќе даде повеќе ќе ги добие можностите да биде коинвеститор во овие фотоволтаици“, соопшти премиерот.
    Вели дека С Македонија станува една раскрсница на интереси на инвеститори пред сѐ од западниот свет, Америка и Германија и земји нивни сојузници како Катар со нивниот течен гас, поттикнати од изградбата на интерконекторот со Грција, но и со интерконекторот со Косово и со Србија, како и вториот интерконектор којшто има проектна документација помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ