петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Агенцијата за енергетика со нов директор

    Владата му препорача на УО на Агенцијата да го именува за в.д. директор Дарио Николовски, доскорешен раководител на скопските студентски домови 

     

    Дарио Николовски е предложен за нов директор на Агенцијата за енергетика на Северна Македонија.

    На денешната седница, Владата го „номинира“ Николовски за в.д, директор на Агенцијата. Тој до скоро раководеше со Државниот студентски дом „Скопје“.

    „Владата се информираше за оставката на Нехри Емрула од должноста директор на Агенцијата за енергетика и заклучи да му препорача на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика да го разреши од должноста , а за вршител на должноста директор да го именува Дарио Николовски„, се наведува во соопштението од денешната владина седница.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ