сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Грција: Можни проблеми со снабдување со вода на Солун летово заради претерано користење на водата за хидроцентралите

    Грчката државна компанија за енергија ДЕИ испрати предупредување до Регулаторниот орган за енергетика (РАЕ), Министерството за енергетика и операторот на системот за пренос на електрична енергија АДМИЕ, бидејќи утврди загрижувачки пад, за овој период од годината, на нивоата на резерви на вода во нејзините хидроцентрали. Новиот модел на пазарот на електрична енергија во Грција доведе до сериозна колатерална штета во резервите на хидроенергија на ДЕИ што може да влијае на водоснабдувањето на Солун следното лето. Проблемот се припишува на новиот модел на пазарот, кој беше критикуван и од Министерството за енергетика и од РАЕ поради високите цени на големо на енергијата според SEE Energy News.

    Официјални лица од ДЕИ велат дека секој ден АДМИЕ бара од компанијата да ги зголеми количините на енергија произведена во хидроцентралите за да ја покрие побарувачката, бидејќи производителите на енергија од топлински извори дадоа понуди со многу високи цени. Следствено на тоа, резервите на вода кои требаат да бидат како резерва за летните месеци, паднаа на загрижувачко ниво. Ова го доведе стабилноста на системот на загрижувачко ниво за следното лето. Може да се појават проблеми со водоснабдувањето на Солун, кој се снабдува од браните на реката Алијакмонас. Од компанијата ДЕИ изјавија дека доколку ситуацијата не се врати во нормала, следното лето ќе има проблеми со водоснабдувањето во Солун. На пример, за само еден ден, АДМИЕ побара од ДЕИ да учествува со производство на струја од околу 20 GW од системот од хидроцентралите, количина што во нормални услови би изнесувала учество од една недела. АДМИЕ е принуден да побара од ДЕИ да го зголеми учеството во хидро производство, бидејќи алгоритмот на кој работи онлајн платформата за понудите на производителите е дизајнирана да ја избере најевтината цена. Затоа, кога независните производители ги зголемуваат своите цени тогаш хидроцентралите покриваат сè поголем дел од побарувачката. Конечните цени на струјата се добри, но резервите на вода се празнат.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ