петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Горивата поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар

    Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

    Со денешната одлука малопродажните цени на бензините еуросупер  БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1 денар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар за литат.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 денари за килограм.

    Новата цена на еуросупер БС – 95 е 60,5 денари, на еуросуперБС -98 62,5 денари, на еуродизел БС (Д-Е V) 53 денари, на масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53 денари за литар, а на мазутот 28,501 денари за килограм.

    „Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање, враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што, пак, предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор, а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

     

    Во исто време, додаде, како ценовно чувствителна се рефлектираше објавената информација на фармацевската компанија Pfizer, дека вакцините за Covid-19, се покажале како ефикасни во 90 отсто кај случаевите кои се испитуваа во доцна фаза.

     

    -Реакцијата на оваа вест во нафтениот сектор предизвика скок на цената на нафтата за повеќе од 10 отсто, што покажува колку се важни позитивните вести поврзани со пандемијата. Растот на цената на нафтата исто така реагирала овој период и на падот на амеркинаскиот долар и победата на Бајден, со која се најавува завршување на трговската војна која со Кина и ЕУ ја отвори Трамп, оцени Бислимоски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ