понеделник, март 8, 2021

ЕДС доминира на целосно либерализираниот пазар на струја во С. Македонија

Компанијата ЕДС, како доминантен играч продаде најмногу струја до крајните потрошувачи во 2019, годината во која за прв пат започна да функционира целосно либерализираниот...
Повеќе

    Денеска во Скопје Македонски енергетски форум 2020

    Во Скопје денеска ќе се одржи Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2020. Го организираат Владата, Амбасадата на САД и ЗИП Институтот.

    Годинашното, трето издание на Форумот 2020, ќе почне во 15 часот и ќе се одвива во хибридна форма. Учесниците ќе можат да го следат преку платформата ЗООМ, додека ограничен број панелисти и новинари ќе се соберат во посебно студио на МЕФ2020 во хотел „Мериот“.

    Како што најавуваат организаторите, МЕФ ќе го отворат премиерот Зоран Заев, американската амбасадорка, Кејт Брнс и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир. Меѓу панелистите, пак, ќе биде и помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Р. Фанон.

    Форумот е организиран од ЗИП Институт, Амбасадата на САД во Северна Македонија и Владата на Република Северна Македонија, а финансиран од Германскиот Маршалов Фонд во САД – Balkans Trust for Democracy, Кралската Норвешка Амбасада во Белград, АД МЕПСО и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

    Latest Posts

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја