сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Нуредини: Инвертерите не се решение за загадување на воздухот

    Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во „10 минути“ на ТВ21 посочи дека инвертер климите не се решение за загадување на воздухот.

    „Имаме подобрување, но нема да биде нешто драстично и мислам дека треба да бидеме свесни за тоа.Со инвертерите има подобрување, но тоа не е решение“, вели Нуредини.

    Тој додава дека треба да се размисли од каде доаѓа електричната енергија бидејчи инвертерите ја користат.
    „Треба да размислиме од каде доаѓа електричната енергија, бидејќи инвертерите користат електрична енергија, тие се секако поефикасни, но исто така треба да разгледаме колку енергија генерира централата во Битола, бидејќи централата во Битола користи јаглен, еден од најголемите загадувачи на нашата земја“, посочи Нуредини.
    Министерот за животна средина и просторно планирање  смета дека главните причини за загаденост во воздухот се греењето во објектите и домовите, индустријата и постарите автомобили.

     

    „Причината за ова е што граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови. Друга причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира, и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина“, посочи Нуредини.

    Министерот додава дека како трет главен загадувач на воздухот се и постарите автомобили.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ