вторник, април 30, 2024
spot_img
Повеќе

    Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски поднесе оставка од лични причини

    Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски поднел оставка поради лични причини. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека за оваа тема разговарале уште минатата година, но одлучиле оставката да биде одложена до завршувањето на зимската грејна сезона и справувањето со енергетската криза.

    Премиерот вели дека за конечната одлука да си поднесе оставка слушнал утрово, а таа ќе биде утврдена на следната владина седница. Тој додаде дека на седницата ќе биде разгледана можноста на негова позиција ќе биде поставен Васко Стефанов.

    – Сакам лично да му се заблагодарам затоа што целото свое знаење и труд и време ги вложи во менаџирањето на компанијата во една исклучително тешка и деликатна ситуација која произлезе од енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.

    Васко Ковачевски на заедничката прес конференција со премиерот изјави дека ЕСМ ја заврши годината со добивка од 41 милион евра како резултат на зголеменото домашно производство и намалените трошоци.

    Ковачевски во јули 2019 година беше избран за претседател на Управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ. На функцијата дојде од местото директор на РЕК „Битола“ каде што беше назначен во јануари 2018 година.

    Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика. Тој е поранешен советник во Советот на општина Битола во периодот од 2013 до 2014 година, како и пратеник во Собранието во два мандата од 2014 до 2016 година и од 2016 до 2017 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ