вторник, април 30, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Наредните денови дополнителни мерки за стопанството

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека веќе се дизајнирани нови, дополнителни мерки за помош на стопанството и тие најверојатно ќе бидат соопштени во наредните денови.

    На мерките, нагласи Бектеши, се работело заедно со стопанските комори.

    -Се соочуваме со енергетска и економска криза. Секојдневно институциите се подготвени да им излезат во пресрет на потребите на компаниите, направивме за производителите на основните прехранбени производи, работиме на нови мерки, веќе се дизајнирани новите мерки со цел да му помогнеме повеќе на стопанството и најверојатно во наредните денови, заедно со стопанските комори, ќе излеземе со мерки каде ќе им излеземе дополнително во пресрет, имајќи ги предвид подготовките што сме ги направиле во делот на производство на електрична енергија, во делот на контактите што ги имаме со странство и не само граѓаните да бидат снабдувани непречено, така ќе бидат снабдувани и стопанството со цени кои ќе бидат конкурентни не само во регионот туку и на европско ниво, изјави Бектеши пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, кој се одржува во организација на Македонско-Германското стопанско здружение.

    РКЕ располага со листата на компании кои одлучиле да преминат од регулиран на отворен пазар

    Министерот Бектеши рече дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) располага со листата на компании кои одлучиле да преминат од регулиран на отворен пазар, а дали тоа го сториле согласно законот, ќе утврдат надлежните институции – Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција.

    Според Бектеши, тие што ги исполнуваат условите имаат право да останат и на регулиран и на либерализиран пазар.

    -Нивната листа не се крие. Но, јас кажав една основа врз која треба да се направи контрола од страна на УЈП и Финансиската полиција. Веќе е донесена таква одлука од наша страна за автоматски, согласно одлуката за прогласување кризна состојба каде што можеме како Министерство да им даваме права и обврски на сите носители на лиценци во делот на енергетиката за тие автоматски да бидат извадени од регулиран пазар, а тие што ги исполнуваат условите секако дека имаат право да останат и на регулиран и на либерализиран пазар. Обратете се во УЈП и во Финансиска полиција за да бидете навремено и соодветно информирани за сите постапки што тие ги преземаат, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ