Откако ќе завршат зимските месеци, ќе бидеме во подобра позиција, вели главната економистка на Меѓународниот монетарен фонд
Цените на енергијата ќе почнал да се намалуваат во почетокот на 2022 година, според проценките на експерти на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
„Цените на енергијата, кои се зголемија во последните денови, најверојатно ќе останат високи во наредните месеци, но ќе почнат да паѓаат на почетокот на следната година“, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат.
Иако цените на енергијата ќе растат во следните неколку месеци, очекуваме да паднат до крајот на првиот квартал следната година и трендот да продолжи во вториот квартал, рече таа.
„Откако ќе завршат зимските месеци, ќе бидеме во подобра позиција. Очекуваме цените тие да се вратат надолу“, додаде Гопинат.