вторник, април 30, 2024
spot_img
Повеќе

    Државните електрани ќе го засилат домашното производство на електрична енергија

    Државните електрани ќе го спасуваат домашното стопанство. Наместо увоз на скапа струја, ќе се увезе јаглен, за да се произведе домашна електрична енергија. Потоа, таа ќе му се продаде на стопанството по повисоки цени од оние кои ги плаќа универзалниот снабдувач ЕВН хоум, но пониски од цените на регионалните берзи на струја.

    Вишокот произведена енергија ќе се продава на слободниот пазар. Ова го најави денеска изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој смета дека на тој начин ќе се спречи ценовниот шок, поради високите цени на струјата на меѓународниот пазар, кои во последните месеци скокнаа за три пати.

    Согласно насоките од Владата на РСМ, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планирано е дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што АД ЕСМ објави меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на трет блок во РЕК Битола, како и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј.

    -Со оваа произведена енергија ќе го зацврстиме електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци на енергија, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар и со тоа ќе оствари дополнителен приход за компанијата и за државата. Дополнителната електрична енергија која ќе ја произведеме од јагленот кој ќе го набавиме, ќе ја понудиме на стопанските субјекти по цени повисоки од таа по која ја продаваме на ЕВН Хоум за домаќинствата. Со тоа ќе оствариме приход како компанија и држава, а ќе го стабилизираме и ценовниот шок на кој сега се изложени и уште повеќе ќе бидат стопанаството, но и институциите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар. Набавката на јаглен и зголеменото производство на АД ЕСМ ќе значи и зголемување на бруто домашниот производ, поттикнување на компаниите и бенефит за стопанството, а со тоа и стабилност во државата, предочи Ковачевски.

    Тој информира дека во изминатиот период одредена количина јаглен била набавена од Косово и со тој јаглен се произведувала струја во РЕК Осломеј. Тоа, рече Ковачевски, се покажа како успешен процес во постапката за набавка, транспорт и работата на РЕК Осломеј, и даде поттик да реализираме уште една набавка на јаглен за РЕК Осломеј, но и за РЕК Битола.

    -Јагленот очекуваме да го добиеме од државите во регионот, објавата завршува следната недела, потоа ќе ги анализираме понудите и доколку тој понуден пакет ги дава резултатите кои што ние ги имаме зацртано во нашиот план и програма, тогаш ќе пристапиме кон набавка на јаглен за производство на електрична енергија, нагласи Ковачевски.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ