вторник, април 30, 2024
spot_img
Повеќе

    Бензински пумпи во Велика Британија се затворени поради проблеми со испорака на гориво

    Бензински пумпи во Велика Британија се затворени денеска поради проблеми со испораката на гориво.

    На најмалку 100 бензински пумпи во сопственост на БП им недостасува барем еден вид гориво, а неколку се целосно празни.

    Проблемот при испораката настана поради недостиг на доволен број возачи на камиони. БП се извини за непријатностите, додавајќи: „Имаме проблеми со полнењето гориво на некои од нашите локации за малопродажба во Велкика Британија, па за жал видовме неколку пумпи што беа привремено затворени поради недостиг на безоловно и дизел гориво“.

    Американскиот гигант ЕксонМобил, сопственик на бензинските пумпи Еко, од своја страна објави дека дел од 200-те станици во Велика Британија исто така се затворени поради проблеми со испораката на гориво.

    Проблемите со снабдувањето се последица на пандемијата на коронавирус, која принуди многу возачи на камиони, претежно странски, да се вратат во своите земји, додека центрите за обука за нови возачи се затворени со месеци.

    Во исто време, доаѓањето на нови возачи од Европската унија во Велика Британија сега е покомплицирано по Брегзит.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ