вторник, април 30, 2024
spot_img
Повеќе

    Средба Копач-Заев: На повидок се стратешки инвестивестиции во енергетиката

    „WPD“ од Германија доставила проект за изградба на 415 мегавати ветерна електрана, а „EFT Group“ 80 мегавати фотонапонска електрана, го информирал премиерот директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница

     

    Неколку сериозни инвеститори доставија официјални проекти за стратешки инвестиции,  како што се „WPD“ од Германија – за изградба на 415 мегавати ветерна електрана, „EFT Group“ – за изградба на 80 мегавати фотонапонска електрана, а и неколку други сериозни инвеститори искажаа интерес за инвестирање во големи енергетски инфраструктурни објекти, односно проекти вредни стотици милиони евра, соопштил премиерот Зоран Заев на денешната средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач, кој учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2021: „Мапирање на енергетската иднина“.

    Како што соопштија од Владата, Заев истакнал дека е насочен кон обезбедување погодни услови за инвестирање, особено во енергетскиот сектор, и дека, со донесувањето на Законот за стратешки инвестиции, се отворија можности големи инвеститори да ги препознаат овие заложби.

    Заев, исто така, нагласил дека Владата активно работи за постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори.

    „Премиерот Заев информираше за различните фази на инвестициите, споменувајќи ја фотонапонската електрана во Осломеј од 10 мегавати, која до крај на октомври годинава ќе биде готова, односно вкупно 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17 мегавати изградени во претходните 11 години“, се наведува во соопштението од Владата.

    Копач, пак, како што се наведува упатил честитки за позитивниот исчекор, посочувајќи дека земјата бележи напредок во однос на имплементација на законодавството на Европската Унија од областа на енергетиката.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ