сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Зошто би требало да ја користиме сончевата енергија?

    Сончевата светлина е извор на енергија која е одговорна за поволните климатски услови и постоењето на екосистеми на нашата планета. Најголемиот дел од енергијата што е достапна на Земјата ни доаѓа од Сонцето, па дури и енергијата што ја црпиме од ветер, вода, биомаса и сите фосилни горива всушност доаѓаат од овој извор. Со соодветна технологија, можеме да го искористиме овој бесплатен, еколошки и вечен извор на енергија.

    Сончевата технологија веќе се користи за подобрување на животниот стандард. Таа е првенствено логичен избор за објекти во оддалечени области каде што можноста за поврзување со мрежата за дистрибуција на електрична енергија е мала или воопшто не постои.

    Но, тоа не е единствената причина за нејзина примена. Сончевата технологија овозможува и енергетска независност од мрежата за дистрибуција на електрична енергија во објекти со веќе постоечка врска.

    Ние ја добиваме сончевата енергија во форма на светлина и топлина, а по конверзијата на разни сончеви системи, може да се искористи за да се добие топлина или електрична енергија.

    Постојат два вида на сончеви системи кои се употребуваат за производство на електрична енергија:

    1. Фотоволтаичните модули ја претвораат сончевата енергија во електрична енергија – при апсорпција на светлината, атомите испуштаат електрони и со тоа создаваат фотоелектричен ефект

    2. Сончевата енергија се фокусира преку огледала и концентратори до точка на максимално производство на топлина од која се произведува електрична енергија со конвенционални методи (парна турбина или на друг начин).

    Користејќи ја оваа енергија, можеме да обезбедиме производство на топла вода и електрична енергија од обновливи извори на енергија кои не испуштаат штетни гасови, а со тоа влијаеме и на ублажување на климатските промени.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ