петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Уставен суд да оцени дали ЕВН смее да исклучува струја поради неплатени сметки

    Опозицијата бара оценка на уставноста на одредби од Законот за енергетика 

     

    Иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на одредби од Законот за енергетика и  од Мрежните правила одобрени од  РКЕ, поднесе денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

    Образложението е дека ЕВН ги користи  оспорените одредби од овие регулативи за исклучување на домаќинствата од системот за напојување со електрична енергија поради неплатени сметки.

    „Се надеваме дека уставните судии, кои  претставуваат примат на она што се вели чесност и правичност, со внимание ќе пристапат кон разгледување на оваа иницијатива. И со тоа ќе стават крај на повеќедецениското незаконско постапување на ЕВН во делот на исклучувањето на струјата од домаќинствата“, изјави пред Уставниот суд адвокатот Стојанче Геровски, кој ја поднесе иницијативата во име на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Со прифаќање на иницијативата за поништување на посочените одредби, Уставниот суд ќе застане на страна на правдата и пред се ќе ги заштити ранливите категории на граѓани, иако оваа Иницијатива се однесува сите домаќинства, односно за сите граѓани“, рече Геровски.

    Според него, тоа произлегува и од самиот Закон за енергетика, кој децидно упатува на заклучок дека оваа компанија има за обврска непрекинато и во континуитет да испорачува електрична енергија.

    „Децидно се предвидени и моментите и условите кога оваа компанија може да го прекине дотокот на електричната енергија. Тоа е само во случај на поголеми хаварии, каде што се исклучени една, две улици, или една – две населби, или поголеми региони, зависно од хаваријата. Или во услови на виша сила каде што нема човечки фактор. Во ниту еден друг момент оваа институција нема право да ја исклучува струјата посебно за неплатени сметки,  што треба да бидат докажани во легитимна судска постапка пред надлежен суд“, изјави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ