сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Заев/Ковачевски: РЕК Битола ќе се затвори за максимум петнаесет години

    Васко Ковачевски, директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), одговарајќи на новинарско прашање на заеднички настан со премиерот Зоран Заев, рече дека во наредниот период на земјата и престои енергетска трансформација која ја бара ЕУ, така што Блок 1 на РЕК Битола ќе работи уште најмногу пет години и потврди дека комбинатот ќе работи уште најмногу 15 години и тоа само со два блока.

    – РЕК Битола произведува 75 проценти од енергијата и не може преку ноќ да се направи таа транзиција. Блок 1 во првите пет години се затвора, тој најмалку се модернизира. Блок 2 и 3 мора да работат во наредните десет години. Ќе работат максимум 15 години, рече првиот човек на ЕСМ.

    Наместо рударско-енергетски комбинат, во иднина во Битола најави дека ќе има гасна централа.
    – Нашата држава е лидер за енергетски трансформрации. Централата Осломеј оди од јаглен на сонце. Во Битола ќе има производство на струја до 250 мегавати од гасна централа, но и фотоволтации и хиодроелектрани на Тиквеш, а тука се и идните ветерните паркови во Богданци и Миравци. Производство на енергија од нееколошки горива ќе мора да заврши, најави тој.

    Според премиерот Заев, последната лиценца за ископ на јаглед ќе биде дадена после пет до седум години.

    – Државата иако ги нема обврските за плаќање на СО2 аранжманите, мораме да мислиме на иднината во ЕУ. Ако имаме планирани нови рудници, тоа ќе биде во следните пет до седум години. Повеќе од тоа нема. На 28 декември ќе се отвораат понудите за проектот Чебрен и Галиште, од каде што ќе се произведуваат 300-400 мегавати нова енергија, рече Заев пред новинарите.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ