вторник, март 9, 2021

ЕДС доминира на целосно либерализираниот пазар на струја во С. Македонија

Компанијата ЕДС, како доминантен играч продаде најмногу струја до крајните потрошувачи во 2019, годината во која за прв пат започна да функционира целосно либерализираниот...
Повеќе

    Заев: Идната година почнува изградбата на гасовод со Грција

    Идната година официјално ќе започне проектот за изградба на гасовод со Грција, најави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил на кој ги набројува стратешките проекти што е планирано да се реализираат годинава.
    – Во енергетиката навистина имаме што да кажеме и имаме аргументи зошто сме лидер во регионот по ова прашање, пишува Заев во фејсбук статусот.
    Нагласува дека гасоводот со Грција е клучен проект за енергетско – економски развој на земјава. Инвестицијата за интерконекторот со Грција e проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан. Во фаза на проектирање е и гасоводна врска со Косово.
    Во делот на гасификацијата, посочува дека годинава ќе почне и изградбата на секундарната гасоводна мрежа во 10 градови во земјава, како и втората фаза од тендерската постапка за избор на приватен партнер за изградбата на дистрибутивната мрежа на природен гас во сите општини. Во трка се двете турски компании АКСА и ПАЛЕТ ИНСААТ, а инвестицијата е проценета на околу 300 милиони евра.
    Продолжува и изградбата на магистралните гасоводи така што следната година треба да заврши кракот до Битола и до Тетово и Гостивар.
    Меѓу проектите што ќе ја одбележат годинава, Заев ги споменува и двете фотоволтаични електрани од по  50 MW со проценета инвестиција е околу 60 милиони евра, како и можноста за изградба на гасна електрана на ТЕЦ Неготино доколку физибилити студијата покаже оправданост за вакво нешто. Во првиот квартал од годинава се најавува и нов тендер за дополнителни 60 MW фотонапонски електрани, инвестиција над 35 милиони евра. Во текот на годинава треба да започне и изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2 со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13.8 MW. Започнува и реализацијата и на нови ветерни паркови во Богданци, Св. Николе, Демир Капија и во Дебрца.
    Во однос на „Чебрен“, премиерот вели дека конечно по 11 обиди на претходната власт, на тендерот се пристигнати повеќе понуди од кои 10 од големи компании од Европа и Кина.
    – Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех, напиша Заев на Фејсбук.

    Latest Posts

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја