петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    За две недели ќе се знае дали ќе има нова цена на струјата

    Дали и колку ќе има зголемување на сметките за струја за домаќинствата ќе се знае за две недели откако ќе завршат тендерите за набавка на електрична енергија на универзалнииот снабдувач ЕВН Хоме и за набавка на загуби за МЕПСО и во Електродистрибуција, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

    -Кога ќе ги добиеме барањата од компаниите за определување на нивните цени за 2023 година ќе донесеме одлука за цената на струјата. Понудите ќе бидат доставени во следните две недели. Треба да се види колку ќе бидат трошоците за набавка на загуби, колкава ќе биде цената на берзата на ХУПЕКС која денес е над 400 евра за мегават-час и по колкава цена ќе може ЕСМ да му продава на универзалниот снабдувач ЕВН која досега беше 48 евра за мегават-час, изјави Бислимоски.

    Тој појасни дека ЕСМ презема обврска да ги покрие загубите за струја, а увозот кој ЕСМ го прави во рамките на слободниот пазар е наменет за да се покријат загубите во пренос на МЕПСО и Електродистрибуција од околу 1.000 гигават-часови годишно. Од 2012 година ЕСМ загубите на електрична енергија ги обезбедува од увоз.

    -Доколко МЕПСО и Електродистрибуција ги набавуваа своите загуби од слободниот пазар како што се прави од 2012 година, тогаш вкупните трошоци на двете компании би биле повисоки за околу 300 милиони евра. За да не паѓа тоа на товар на потрошувачите, ЕСМ по налог на Владата презеде обврска да ги обезбеди овие по многу пониски цени од пазарните и тоа е некаде од 143 евра за мегават-час. И тоа го прави ЕСМ во рамки на слбоодниот пазар на електрична енергија. Овие увози не влегуваат во пресметките на цената на струјата за домаќинствата, рече Бислимоски.

    Блоковите ќе останат и во 2023 ходина, резултати се добри, има 16% намалување на потрошувачката. Но, сега во следните месеци ќе видиме каков ефект ќе имаат со оглед на грејната сезона и потребата од греење со клими – Бислимовски.

    До Нова година цената по која државата ја продава струјата на ЕВН за граѓаните изнесува 48 евра за мегават час. А, пак, денеска на берзите електричната енергија се продава за речиси 10 пати по повисока цена, односно за над 400 евра.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ