вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Вонредна состојба во Косово поради енергетската криза

    Се предвидуваат ограничувања за снабдување со енергија на потрошувачите и наметнување посебни обврски за енергетските компании

     

    Вонредна состојба поради енергетската криза прогласи Собранието на Косово, поддржувајќи ја одлуката на Владата за вонредни мерки за ограничување на снабдувањето со енергија, пренесуваат косовски медиуми.   

    За одлуката со која станува законска намалената дистрибуција на енергија гласаа  57 гласа пратеници, а 17 беа воздржани. Никој од присутните во салата не беше против. 

    Вонредните мерки ќе важат најмногу 60 дена, а опфаќаат  ограничувања за снабдување со енергија на потрошувачите и наметнување посебни обврски за енергетските компании.

    Одлуката предвидува формирање на итна техничка комисија за утврдување и поднесување препораки до министерот за економија. Комисијата има задача да препорача спроведување на мерки за справување со негативните ефекти од економската криза.

    По препораките, Министерството треба да објави задолжителни рестриктивни мерки.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ