среда, декември 7, 2022
spot_img
Повеќе

    Во ноември електричната енергија е 4 евра поскапа од претходниот месец

    Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија во текот на вчерашниот ден просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 239,81 евра/mwh.

    Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (8:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 276.94 евра за мегават час. Пикот на цената е во 19 часот кога изнесуваше 287,29 евра за мегават час, додека минималната цена е во 5 часот – 143,49 евра за мегават час.

    Просечната цена на електричната енергија во текот на месец ноември до сега, (baseload till date) изнесува 198.05 евра за мегават час, што е за близу 4 евра повисоко од цената по кој што електрична енергија се тргуваше во текот на претходниот месец.

    Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

    Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

    (Оваа информација ја подготви тимот на ЕДС со цел да се зголеми свесноста и информираноста за движењето на цената на електричната енергија и со тоа да им се помогне на компаниите при планирањето на буџетите  и потрошувачката на електрична енергија).

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја