сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Во јуни 71,4 проценти од потрошената струја од домашни извори

    Во државава во јуни годинава вкупно се потрошени 521 750 мегават часови електрична енергија, 3.139 милиони нормални кубни метри природен гас, 436 990 тони јаглен и 97 452 тони нафтени продукти.

    Како што објави денеска Државниот завод за статистика, 71,4 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

    Во првите седум месеци од годинава АД ЕСМ произведе 2 194 гигават часови електрична енергија што е за 15 проценти повеќе од лани, а зголемувањето на производството, според  соопштението од компанијата, се должи, пред се, на зголеменото производство во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј за 40 проценти.

    Владата, според најавите, денеска треба да прогласи кризна состојба во енергетиката. Претходно донесе мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1. следниот месец.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ