вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Во Амзабегово нова соларна електрана за 5.500 домаќинства

    Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши присуствуваа на почетокот со работа на 17 мегавати соларна електрана, кумулативно најголемата фотоволтаична електрана во С Македонија, лоцирана во светиниколско Амзабегово.

    Словенечката компанија ГЕН-И, рече Ковачевслки, платила 2,7 милиони евра во државниот буџет преку концептот на иновативно партнерство, а за возврат државата дала државно земјиште на користење од 50 години. Централата е поврзана на мрежата четири месеци пред предвидениот рок.

    ГЕНИ доби 17 од 35 мегавати што беа понудени на тендерот од Министерството за економија.  Како што посочи ресорниот министер Крешник Бекшети, со оваа инвестицијата се добиени дополнителни 17 мегавати, колку што е направено во изминатите 30 години во државава.

    Oд соларната електрана со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово ќе се обезбедува струја за 5.500 домаќинства.

    Бектеши рече кажа дека во моментов во мрежата само од фотонапонски централи се приклучени 65,7 мегавати, а во постапка до крајот на годината треба да се приклучат дополнителни 12 мегавати.

    -Тоа значи дека до крајот на годината ќе имаме скоро 80 мегавати од фотонапонски електрани приклучени на мрежа, рече Бектеши.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ