четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ на протест побара да се врати старата цена на струјата

    Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ попладнево одржа протест во Скопје против поаскапувањето на струјата.

    Протестот почна од пред Министерството за правда, од каде се упати кон седиштето на Регулаторната комисија за енергетика.

    На протестот можеа да се забележат повеќе функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и лидерот, Христијан Мицкоски, но и Владо Мисајловски и Александар Николоски.

    Христијан Мицкоски на денешниот протест на партијата против поскапувањето на струјата изјави дека ова е првиот од серија протести што ќе се одржуваат против, како што нагласи, мафијата.

    – Протести кои треба да го докажат гневот на народот за она што се случуваше изминатите месеци и поткупените протести. Ова ќе бид еден од серијата протести против мафијата на Илинденска. За нив се има цена. За нас, честа, моралот и достоинството се најважни. Кога неправдата станува закон, отпорот и протестите ќе продолжат и понатаму, изјави Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека вечерва имаат само три конкретни барања: враќање на старата цена на струјата, викенд без ДДВ и професионален состав на Регулаторната комисија за енергетика.

    СДСМ: Дебакл од протест на Мицкоски и неговите стотина приврзаници

    Со дебаклот од протест Мицкоски уште еднаш ја потврди титулата губитник затоа што, освен стотината негови приврзаници, сите други му го свртеа грбот, велат од СДСМ по денешниот марш на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.

    „Лицемерно е човекот што беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот што доби бизнис со хидроцентрали од Владата, во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата“, се наведува во партиското соопштение.

    Според СДСМ, Мицкоски демонстрира деструктивно и неодговорно однесување на штета на граѓаните, на државата и нејзината европска иднина.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ