петок, октомври 4, 2024
spot_img
Повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти-Владата ќе ги разгледа понудите

    ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за економија Крешник Бектеши, кој потоа ќе ги исконтактира посочените субјекти за да се утврди дали нивните понуди ги задоволуваат потребните критериуми.
    Ова е договорено на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која присуствуваа и економски тимови на Владата и на партијата.
    Премиерот Ковачевски по средбата изјави дека на средбата ги образложиле сите активности што ги презема Владата за надминување на енергетската криза. Информирале за производството на енергетските капацитетети, за обезбедувањето енергенси – јаглен и мазут.
    Ја нагласиле потребата што побрзо да се донесат во Собранието сите закони поврзани со надминувањето на енергетската криза. Станува збор за Законот за задолжување од ЕБОР во износ од 100 милиони евра по поволна каматна стапка за поддршка на работата на ЕСМ, Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за кратење на финансиски средства од буџетот кои се со помал процент на исполнетост и и кои не се неопходни и префрлање во ставки за справување со енергетската криза, посочи Ковачевски.
    – Разговаравме и за префрлање на основните и средните училишта на регулираниот пазар, како и за префрлувањето на здравствените установи за снабдување кај ЕСМ продажба. Беше реафирмирано барањето на опозицијата за вклучување на јавните комунални претпријатија на регулираниот пазар, кое ќе биде разгледано од Министерството за економија во соработка со ЗЕЛС, изјави Ковачевски.
    Премиерот информира дека Владата денеска донела одлука со која ЕСМ е задолжено да врши јавна услуга регулирано производство на топлинска енергија во Скопје. Потпишан е договор меѓу ЕВН и Адора за закуп на топланите.
    Посочи дека од формирањето на Владата се презмени низа мерки за ликвидноста на компаниите и стандардот на граѓаните, издвоени се над 300 милиони евра буџетски средства.
    Продолжува субвенционирањето на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи, како и разговорите со соседните земји за набавка на електрична енергија, а се очекува помош и поддршка и од ЕУ, за што претседателот Стево Пендаровски разговарал со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен изминатиот викенд за време на посетата на Бугарија, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
    Во делот на изградба на инфраструктура, за што исто така станало збор, Ковачевски рече дека тоа е дел од плановите на Министерството за транспорт и врски, и најави дека многу скоро ќе има пуштање на пругата кон Грција.

     

    Мицкоски: Понудивме план за излез од енергетската криза, очекуваме Владата да го прифати

    – Ние сме подготвени да ги ставиме на располагање сите позиции со кои што располагаме, од страна на Димитар Ковачевски лице за контакт беше одреден министерот за економија, Крешник Бектеши. Веднаш после оваа средба ќе ги контактираме нашите позиции, ќе ги пренесеме контактите до министерот Крешник Бектеши и од тој момент понатаму очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи. Односно да обезбедиме евтин ресурс со кој што ќе можеме да обезбедиме евтина струја односно поевтина од таа што е на берзите, а со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски по средбата во Владата со премиерот Димитар Ковачевски.

     

    Посочи дека дале предлог за обезбедување значително поевтин ресурс за ТЕЦ Неготино, што ќе овозможи цена на електрична енергија која ќе биде најмалку два пати помала од таа која што во овој момент е на берзите. Таа количина на електричната енергија би требало да биде отстапена на стопанството, за , како то наведе, да се спасат илјадници работни места и затоа што компаниите не можат да плаќаат цена на електричната енергија која што е на берзите.

     

    Втората „позиција“ што ја изложил Мицкоски, а потоа им ја пренесе на новинарите, била околу снабдувањето со гас на централа ТЕ-ТО. „Подготвени сме да обезбедиме друга позиција за ТЕ-ТО за да се обезбеди гас за граѓаните на Скопје да имаат парно“. рече Мицкоски.

     

    Тој рече дека во моментов во РЕК „Битола“ работи еден блок, во ТЕЦ „Неготино“ една турбина од двете, хидросисметот е со 29 отсто расположив капацитет наместо со 75. Според Мицкоски, „ќе нема потреба да се увезува струја ако работат трите блока на РЕК ‘Битола’, потоа ‘Осломеј’, двете турбини на ТЕЦ ‘Неготино’, ТЕ-ТО и хидропотенцијалот да биде на високо ниво“.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ