четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во кавга за „пресушените езера“ и производството на струја

    Опозицијата го посочува Тиквешкото Езеро како пример дека, „незасинтноста на власта и засиленото производство на електрична енергија во текот на летото“ го намалија нивото и на вештачките езера

     

    Засиленото производството на електрична енергија во текот на летниот период од хидроелектрани ги пресуши езерата ширум државата, тврди ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека тоа е резултат на „незаситноста“ на власта.

    Цветан Трипуновски, поранешен дополнителен заменик-министер за заемјоделство од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, како пример го посочи Тиквешкото Езеро, најголемото вештачко езеро во земјава, кое, според него, е доведено на праг на „биолошки минимум“.

    „Моментално водата во езерото е падната за 24 метри од минималната кота на самото езерото. Проблемот што Зоран Заев го создаде е повеќестран. Прво езерата се пресушени и нема да може да се користат во догледен период за производство на струја, па така сега ќе купуваме поскапа струја, а  загубите ќе бидат огромни. Второ, голем број од акумулациите, како што е случајот и со Тиквешкото Езеро се користат и за наводнување на земјоделските површини, па така се доведува во прашање и следната земјоделска сезона. Трето, се загрозува и рибниот фонд  и се нарушува туристичката слика за езерото, бидејќи истото се користи и за рекреативни цели“, наброи Трипуновски.

    Од СДСМ одговараат дека ваквите реакции на  ВМРО-ДПМНЕ се политикантство, така што опозицијата „во очај користи и природни појави за дневнопартиски цели“.
    „Фактите велат дека котата на Тиквешко Езеро на 14 ноември изнесува 238,74,  а согласно водостопанската дозвола, нивото на езерото може да се движи меѓу максимална кота од 268.5 мнв и минимална кота од 233 мнв. Фактите велат дека во вегетациски период котата не смее да биде под 245 мнв, со цел непречено функционирање на системот за наводнување на Водостопанство „Тиквеш“ – Кавадарци. АД ЕСМ, согласно со водостопанската дозвола, за користење на водата за производство на електрична енергија му плаќа на Министерството за животна средина еден процент од призводната цена на киловат час, пресметана на излез од електраната“, велат од СДСМ.
    ВМРО-ДПМНЕ, според владејачката партија,  треба да учи како се спроведува одржлива и одговорна енергетска политика.
    „Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник за енергетика Христијан Мицкоски државата беше зависна од увоз за скапа струја, а испадите во мрежата за електрична енергија беа честа појава, каде што цели населени места, цели општини немаа струја со денови“, возвраќаат од  СДСМ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ