среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата му префрли уште 25 милиони евра од буџетот на сметката на ЕСМ за надминување на енергетската криза со електрична енергија

    Владата одлучи на ЕСМ од буџетот пак да му префрли уште  25 милиони евра, за надминување на енергетската криза со електрична енергија.

    „Со оваа одлука се одобруваат финансиски средства во износ од 1.500.000.000 денари на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје“, пишува во соопштението од владината седница одржана на 21 декември.

    Еден месец пред тоа, на 29 ноември, Владата на ЕСМ му префрли 11,5 милиони евра за истата намена – справување со кризната состојба. Во ноември ЕСМ продажба од Владата доби 7,7 милиони евра за обезбедување на субвенционирана електрична енергија за компаниите од прехранбениот сектор, училиштата и водоводните претпријатија.

    Четири месеци пред тоа за таа намена беше одлучено на ЕСМ да му се префрлат 50 милиони евра. На почетокот на годинава беа префрлени 80 милиони евра.

    Вкупно, годинава околу 175 милиони евра буџетски средства се потрошени за енергетската криза со електричната енергија.

    Домашното производство не може да ги задоволи потребите на потрошувачката во земјата и да ги покрие загубите на електрична енергија, поради што ЕСМ и во текот на декември продолжи со купување на увозна струја од приватни снабдувачи.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ