четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата подмири речиси половина од долгот за струја на македонски Железници и Транспорт

    Двесте милиони денари или околу 3,3 милиони евра, се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на МЖ и „МЖ – транспорт“, информира денеска министерот Благој Бочварски.

    Одлуката за прераспределба на средства за буџетските корисници синоќа била изгласана во Собранието. Бочварски посочи дека македонски „Македонски железници“ и „МЖ – транспорт“ имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија и дека со парите што ги добиле од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот. Тој додаде дека долгот на „Македонски железници“ и „МЖ – транспорт“ варира и се менува од ден во ден.

    „Можам да кажам дека само во текот на оваа година, дадовме преку 12 милиони евра поддршка на ‘Македонски железници’ и ‘МЖ – транспорт’. Генерално секоја година помагаме преку обврската за субвенционирање на патничкиот превоз и таа обврска е некаде од шест и пол до седум милиони евра. Но оваа година дополнително дадовме поддршка, затоа што веруваме дека во време на криза преку ова претпријатие ‘Македонски железници’ се внесуваат и дел од енергенсите во државата“, рече Бочварски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ