сабота, октомври 5, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата обезбеди дополнителни 670 милиони денари за надминување на енергетската криза

    Владата на денешната 132-ра седница, согласно Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, донесе Програма за зелен развој со која се утврдени дополнителни 670 милиони денари за реализација на проекти од областа на енергетиката, со цел надминување на состојбата со енергетската криза.

    Како што соопшти владината Прес-служба, овие дополнителни средства ќе бидат наменети за производство и обезбедување на дополнителни количества на електрична енергија од обновливи извори на енергија за надминување на енергетската криза.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ