Владата на С Македонија, на денешната седница ја разгледа Информацијата со споредбена анализа за потрошена електрична енергија од државните институции, подготвена од Министерството за економија.
Министерството за економија беше задолжено да достави ваква информација и анализа до Владата, откако органите на државната управа, институциите коишто немааат статус на органи на државната управа и правните лица основани од државата, преку Генералниот секретаријат на Владата, беа задолжени да остварат заштеди во потрошувачката на електрична енергија. Задолжението се однесуваше на заштеди од 15% на месечно ниво, започнувајќи од 1 септември 2022 година – заклучно со 31 март 2023 година, споредено со истиот месец од претходната календарска година. Информацијата е доставена до Владата како материјал за информирање, а за деталите јавноста ќе биде информирана од страна на Министерството за економија, преку прес-конференција, соопштија од Владата.