четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата го задолжи ЕСМ дистрибуција на топлина да склучи договор за купопродажба на топлинска енергија со ТЕ-ТО

    Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информација за преземање мерка за обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија во случај на постоење на кризна состојба и донесе одлука за преземање мерка за обезбедување на дополнителни количини на топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

    Како што информираат од владината прес-служба, задолжено е Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје да склучи договор за купопродажба на топлинската енергија со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, во рамки на потребните количини, а согласно потребите на Друштво за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје на месечно ниво.

    Претходно АД ЕСМ склучи договор со „Макпетрол“ за набавка на природен гас за топланите „Исток“ и „Запад“ за периодот од 1 до 15 ноември и за КОГЕЛ во подружница „Енергетика“ за периодот 1 до 30 ноември.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ