петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата го раскина договорот за државна помош за ТЕ-ТО

    Согласно со оваа Oдлука, Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија е должно да го плати долгот кон УЈП

     

    Владата, на денешната седница, еднострано го раскина договорот за државна помош за компанијата за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО.

    Како што соопштија од Владата, на денешната седница, е разгледана и усвоена  информацијата за потребата од раскинување на Договорот за доделување  државна помош и анексот на овој договорот,  склучени меѓу Владата и Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје. Владата, како што се соопштува, донесе Одлука за едностран раскин на овие договори затоа што не се постигна согласност за создавање правна основа за оваа државна помош.

    Согласно со оваа Oдлука, ТЕ-ТО е должно да го плати долгот кон УЈП, со заклучок на Владата. Доколку во рамките на законската рамка постои можност и се постигне договор, долгот да биде исплатен на рати.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ