сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата прогласи енергетска криза на цела територија на државата

    Владата денеска ја одржа 74-тата седница, на која донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија.
    -Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Додека втората се донесе заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, соопшти владината прес-служба.

    Одлуките ќе почнат да се применуваат од 1 септември и ќе траат 30 дена.

    Ова значи дека државата финансиски ќе го помага ЕСМ за да се обезбеди мазут и јаглен и за да може сите енергетски капацитети да бидат во функција, како и да се обезбеди 100% од потребите на струја претстојната зима. Ова е втора кризна состојба, првата заврши на први јуни.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ