сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата донесе одлука за намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5 отсто

    Со ова се отвора можност да не поскапи електричната енергија. Но намалувањето ќе трае само една година, потоа ДДВ ќе се качи на 10 проценти, па ќе се врати на 18

     

    Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства од 18 на 5 отсто.

    Оваа одлука ќе важи за период од 1 јули годинава до 30 јуни 2022 година, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата ќе изнесува 10 отсто. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка ќе биде повторно 18 отсто.

    Целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ, како што се објаснува, е со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци.

    ВЛАДАТА ВОВЕДУВА ЕКОЛОШКА ТАКСА ЗА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ И НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ-ТО ЗА СТРУЈАТА

    НАЈНОВИ ВЕСТИ