сабота, август 20, 2022
spot_img
Повеќе

    Влада: Разгледани измените и дополнувањата на Законот за енергетика и предлог-законот за гаранции на заемот за поддршка на ликвидноста на ЕСМ

    Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика. Како што соопштија од владината прес-служба, ова е поради наметната потреба од глобалната енергетска криза за создавање на услови за зголемување на производство на електрична енергија од обновливи извори и заради усогласување на Законот за енергетика со новите хоризонтални закони, Законот за стратешки инвестиции, Законот за инспекциски надзор, Законот за електронски документи и електронска идентификација, како и со нацрт Законот за изградба на фотонапонски електроцентрали и нацрт Законот за безбедност на мрежи и информациски системи.

    Новиот Предлог-закон се носи и поради дополнителни усогласувања на Законот за енергетика со соодветните прописи на Европската Унија, односно ЕУ- директивата 2019/944 за заедничките правила за внатрешниот пазар на електрична енергија и ЕУ Регулативата 2019/943 за внатрешниот пазар на електрична енергија и се воведува складирањето со електрична енергија како нова енергетска дејност, Регулативата 1227/2011 за интегритет и транспарентност на пазарите на големо на енергија, Регулативата 347/2013 за трансевропската енергетска инфраструктура, Регулативата 2015/1222 за воспоставување на правила за алокација на капацитетите и управување со загушувањата, како и Препораката 2018/01/MC-EnC на Министерскиот Совет на Енергетската заедница изготвување и усвојување на План за енергија и клима, посочуваат од Владата.

    Измените на Законот за енергетика меѓу другото, се овозможува Владата да ја донесува Стратегијата за развој на енергетиката и во периоди пократки од пет години со цел да се антиципираат глобалните трендови во областа на енергетиката настанати од забрзаното воведување на нови технологии, промената на структурата во побарувачката на енергија, динамиката на развојот на енергетските пазари а пред се заради преземање на навремени мерки за заштита од климатските промени.

    Новиот Закон создава законска основа Владата, на предлог на Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика, а по претходно мислење од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, да донесе Уредба за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, врз основа на којашто секоја година Владата ќе носи Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за наредната година со која што се утврдуваат мерките за спроведување на Уредбата.

    Владините претставници на седницата го разгледаа и пуштија во понатамошна процедура до Собранието и Предлогот на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем во износ до 100 милиони евра за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, по скратена постапка.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја